Општинската изборна комисија (ОИК) Могила информира дека заврши гласање на пријавените болни и немоќни лица.
Членовите на ОИК Могила преку избирачките одбори овозможија да гласаат и на домашна адреса гласаа 37 болни и немоќни лица кои претходно побараа да гласаат дома и да го искористат правото на глас.
На подрачјето на Општина Могила утре ќе се гласа од 7 до 19 часот, а право на глас имаат 4.661 жител, кои на 23 гласачки места ќе избираат градоначалник на општината.
Како што е познато во вториот круг се пласираа актуелниот градоначалник Драганчо Саботковски поддржан од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ и независниот кандидат за градоначалник Сашо Пивковски кој во јавноста на 24 октомври објави дека ја повлекува својата кандидатура.

