Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во музејот „Маруби“ во Скадар ќе биде отворена изложба за браќата Манаки

Во Националниот музеј на фотографии „Маруби“ во северниот албански град Скадар, на 21 јули ќе биде отворена изложба на дела на познатите браќа Манаки од Битола -филмаџиите кои го „набљудувале“ Балканот.

Оваа активност се реализира во соработка со Државниот архив на Република Северна Македонија – Одделение во Битола.

Според музејот, добрата соработка „ќе ја донесе изложбата на делата на браќата Јанаки Манаки (1878-1954) и Милтон Манаки (1880-1964), чија колекција, чувана во Историскиот архив на Битола, содржи 6702 стаклени негативи, 1071 филмски ролни, 7041 фотографски отпечатоци, 3867 документи и 49 камери и други материјали.

-Кинотеката на Северна Македонија чува голем број филмови што ги реализирале со „Камера 300“, по што се познати и како основоположници на кинематографијата во Северна Македонија. Изложбата посветува посебно внимание на подвижните популации, етнографските приближувања и слични ритуали на народите на Балканот, кои ги наоѓаме рефлектирани во патувањата на браќата Манаки во регионот, наведува музејот.

Оваа активност е една од повеќето во рамки на манифестацијата „КултАрт 2023″, во организација на Министерството за култура на Албанија. Ќе биде отворена на 21 јули во 20 часот и ќе остане отворена до 5 ноември. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен