Норвешката полиција го уапси поранешниот командант на руската паравоена група „Вагнер“, Андреј Медведев, бидејќи наводно се обидел илегално да ја премине границата и да се врати во Русија, откако претходно оваа година побарал азил во Норвешка, соопштија денеска неговите адвокати.
Полицијата претходно објави дека маж на околу 20 години е уапсен поради обид илегално да ја премине границата, но не наведе за кого станува збор.
Преминувањето на границата со Русија е дозволено само на одредени места.