Деновиве стана јасно дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е опкружен со лица кои се поврзуваат со дрога. Откако во текот на викендот беше фатен негов близок соработник од месен комитет на партијата во Пештани како шмрка кокаин, во јавноста излегоа фотографии и сведоштва и за други лица кои се појавуваат покрај Мицкоски, а се замешани со трговија со дрога.
На 3 декември беше уапсен М.А. во Гостивар, кога полицијата шпреци шверц на 32 килограми марихуана, а токму тој е близок со лидерот на опозицијата, Мицкоски. На социјалните мрежи постојат фотографии од заеднички дружби на Мицкоски и М.А, човек кој е дел од меѓународен синџир на трговија со дрога.
Покрај првиот човек од месниот комитет во Пештани, кој беше фатен како шмрка кокаин и М.А. кој беше како шверцуван дрога, близок со Мицкоски, а уапсен за недозволена трговија со дрога и оружје е и Д.С., кого полицијата го уапси во Струга во рамки на поглема акција во ноември. Во тој случај кривично беа пријавени 23 лица, а при лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени оружје, муниција од различен калибар, кокаин, марихуана, пари, патнички моторни возила, мобилни телефони и други предмети.
Лицето Д.С. кое беше уапсено во оваа акција на полицијата, може да се забележи како се фотографира со Мицкоски, а беше и учесник на насилниот упад во Собранието на 27 април. Тој е поранешен член на Единицата за брзо распоредување во МВР, од каде што бил разрешен.
Ваквите врски на Мицкоски покажуваат дека тој не застапува никакви традиционални вредности и не го интересира иднината на државата, туку единствено се грижи да дојде на власт за да може да ги заштити своите соработници и да го врати криминалот во државата.