Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во петок нови протести во Белград?

Доколку Владата на Република Србија до утре не ги исполни барања за разрешување на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милош Ѓуриќ, поради смртта на 14 лица по уривањето на бетонската настрешница на железничката станица, опозициските партии ќе ги повикаат граѓаните на протести во Белград. Веста ја пренесе Бета.

Како што напиша порталот Нова, на вечерашната средба на опозицијата било договорено до утре да им се даде рок на надлежните да ги исполнат барањата, меѓу кои е и ослободување на приведените по синоќешниот протест во Нови Сад, а доколку тоа не се случи, протестот во Белград би можел, според порталот, да се одржи следната среда.

Претставниците на опозицијата разговараа и за начинот на контролирање на демонстрантите за протестот да не прерасне во немири, како што се случи синоќа во Нови Сад. 

Зачлени се на нашиот е-билтен