– Во пожарот што денеска избувна во јужнокорејската фабрика Хвасеонг во близина на Сеул, а за кој постои сомневање дека е предизвикан од експлозија на литиумски батерии, животот го загубија 22 лица.
Меѓу загинатите има 18 кинески државјани, двајца јужнокорејци и еден државјанин на Лаос, а осум лица се повредени, соопштија властите. Едно лице се уште не е идентификувано.
Во моментот на пожарот во фабриката работеле 102 лица.
Како што соопштија од Противпожарната служба, според сведочењето на преживеаните, пожарот избувнал кога батериите експлодирале додека работниците ги прегледувале и пакувале на подот на фабриката.