Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Прилеп е отворена изложбата „Пиктограми“

Изложбата „Пиктограми“ со дела на двете ликовни уметници Светлана Попова и Марија Штерјова беше отворена синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Уметниците пред прилепската публика се претставија со 33 дела.

Лајтмотивот на изложбата е симболиката на преносното значење на знаците, да се препознаат, да се прочитаат и почувствуваат како и универзалноста на математички совршениот бескраен универзум.

Сликите се изработени во техника акрил на платно, акрил на панел, акрил на хартија со различни димензии и јаки контрасти на бои.

Зачлени се на нашиот е-билтен