Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Влада Урошевиќ (претседател), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), ја направи првата селекција од пристигнатите 36 наслови, избирајќи 19 романи.
Прва селекција на жирито за „Роман на годината“ за 2023 година:
- „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
- „Ѕиркачи“, Даниела Андоновска – Трајковска, МИ-АН
- „Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“
- „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
- „Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
- „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“
- „Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или Или“
- „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“
- „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
- „Последната мисла во универзумот.Апокалипса“, Валентин Нешовски, „Антолог“
- „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
- „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“
- „Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова, „Антолог“
- „Издигнување“, Игор Раиден „Темплум“
- „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
- „Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“
- „Бела Сама“, Виолета Танчева – Златева, „Три“
- „Туѓинци и браќа“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
- „Succubus“, Катерина Шошко, „Антолог“
Жири-комисијата има обрска да го соопшти наградениот роман најдоцна до 15 март.
Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и париќен износ од 150.000 денари.