Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Русија денеска е ден на национална жалост

Во Русија денеска е ден на национална жалост за загинатите во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва.

Според последните податоци на Рускиот истражен комитет, во нападот загинале 133 лица, а повеќе од 100 се повредени.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека нападот во „Крокус“ е крвав, варварски терористички чин и вети дека сторителите, организаторите и извршителите на злосторството ќе бидат казнети.

Вооружени напаѓачи во петокот вечерта влегоа во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск, кај Москва, и почнале да пукаат кон посетителите, а потоа фрлиле запаливи средства, што предизвикало пожар.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија вчера соопшти дека во врска со нападот се приведени 11 лица, меѓу кои и четири лица кои биле директно инволвирани во терористичкиот напад.

ФСБ наведе дека оружјето што го користеле напаѓачите во „Крокус“ било однапред подготвено во скривалиште и дека напаѓачите се обиделе да избегаат со автомобил, упатувајќи се кон руско-украинската граница.

Според ФСБ, напаѓачите имале намера да ја преминат границата и имале контакти на украинска страна.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава, но официјална Москва не ја коментираше информацијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен