Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во руската Ростовска област воведена вонредна состојба поради суша

 Во руската Ростовска област е воведена вонредна состојба поради суша, соопшти гувернерот на тој регион Василиј Голубев.

Според него, поради долготрајната суша во Ростовската област изгубени и оштетени се значајни површини каде што растеле земјоделските култури.

– Донесена е одлука за промена на состојбата на тревога, која во нашиот регион е во сила од минатата недела, во вонредна состојба. Потпишав уредба за воведување вонредна состојба поради сушата на почвата во Ростовската област од 18:00 часот на 11 јуни до дополнително известување, напиша тој на Телеграм.

Според експертите, поради мајските мразови и последователната долга суша, земјоделците од Дон може да изгубат до 30 проценти од својата жетва, додаде Голубев.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново