Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во руско гранатирање оштетена болница во регионот Херсон, повредени медицински лица

Руското гранатирање во областа Херсон предизвика сериозна штета на болница, напиша на Фејсбук Олександр Прокудин, украинскиот регионален гувернер на Херсонската област.

Четвртиот кат од болницата во градот Берислав е „целосно уништен“, а останатите катови се оштетени. Двајца медицински работници беа повредени, додаде Прокудин.

Нападите врз болниците се сметаат за воени злосторства.

Берислав, кој се наоѓа на брегот на реката Днепар, често е под напад од руските сили бидејќи е блиску до линијата на фронтот.

Путиновата агресорска армија денеска уби речиси 50 луѓе во артилериски напад во Харкив, изјави висок претставник на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

И амбасадорката на Украина во нашата земја, Лариса Дир, на социјалните мрежи извести дека е погодена продавница во Харкивската област, при што загинаа 49 лица, меѓу кои и шестгодишно дете. Таа нагласи дека на Украина ѝ е потребна помош со муниција и средства за противвоздушна одбрана што е можно поскоро.

„589 ден. Сега! Харкивска област. Купјански реон. Државата-терорист рф погоди продавница – загинаа 49 лица, меѓу кои 6-годишно момче. руските убијци убиваат Украинци секој ден, потребна ни е помош со муниција и средства за противвоздушна одбрана што е можно поскоро!“ – објави украинската амбасадорка.

Гувернерот на Харкив, втор по големина во Украина, изјави дека шестгодишно момче е меѓу 49-те лица убиени од гранатирање во селото Гроза, каде што спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат урнатините. Уште шестмина се повредени, меѓу кои и една млада девојка.

Поврзано:

Зачлени се на нашиот е-билтен