Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит во Сараево се сретна со европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, соопшти Канцеларијата на високиот претставник (ОХР).
-Одличен разговор со еврокомесарот Вархеји за политичките случувања и перспективите за интеграција во ЕУ во БиХ, се наведува во соопштението.
Високиот претставник ја истакна потребата за посилен фокус на иднината и реформите што ќе ја усогласат БиХ со стандардите на ЕУ.
-Политичките расправии и реториката на поделби никому не му носат ништо, заклучи Шмит.