Во Сиера Леоне е воведен полициски час откако неидентификувани лица се обиделе да упаднат во касарна во главниот град Фритаун.
Според очевидците се слушале истрели и експлозии во округот Вилнерфорс.
Министерот за информации Чернор Бах изјави дека безбедносните сили ја контролираат ситуацијата.
Во раните утрински часови некои неидентификувани лица се обидоа да упаднат во касарната во Вилберфорс. Тие беа одбиени, посочи Бах.
Тој додаде дека е воведен полициски час во цела земја.
Тензиите во западноафриканската држава се зголемија по реизборот на претседателот Џулиус Маада Био во јуни, а изборите се оспорени од главниот опозициски кандидат Самура Камара.