Уште по објавувањето на новите цени на горивата за помалку од половина час, на дел од бензинските пумпи во Скопје почнаа да се создаваат редици и нервоза меѓу возачите. Граѓаните брзаа да наполнат резервоари, додека метежот, чекањето и зголемената фреквенција на возила ја покажаа првата реакција на ценовниот шок што го донесе новата одлука на РКЕ.
Владата не ги искористи механизмите кои се на располагање за заштита во вакви ситуации за граѓаните, за кои веќе пред 4 дена Рацин.мк во опсежна анализа укажа.
