Во сообраќајка на „Борис Трајковски“ – загина 56-годишен скопјанец

Еден маж загина, а четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа околу 23:10 часот се случи на ул. „Борис Трајковски“ во Скопје.

Несреќата се случила кога се судриле патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од С.Х. (56) од Скопје, и „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.П. (28), исто така од Скопје.

Возачот на „Голф“-от, С.Х., починал на самото место од последиците на тешките повреди.

Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.Х. (52) и М.Р.А. (24), двајцата од Скопје, како и Ф.М. (28) од Косово и возачот на „БМВ“-то. Повредените се пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана медицинска помош.

Увид на местото извршија јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на обвинителот телото на починатиот е предадено на обдукција.

Зачлени се на нашиот е-билтен