Во Србија во моментов има 36 потврдени случаи на морбили, а најголем број заболени има на територијата на Белград, како и регистрирани 962 случаи на пертусис, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што изјави за РТС директорката на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, Верица Јовановиќ, во Србија има 36 случаи на мали сипаници од кои во Белград се регистрирани 30 случаи .
Таа додаде дека од 36 пациенти, 30 се невакцинирани или со непознат статус на вакцинација и повторно упати апел за вакцинација
Според Јовановиќ состојбата со грипот е постабилна, а бројот на заболени е намален за околу 20 отсто во однос на претходната недела. Во оваа сезона, како што рече, доминирал вирусот на грип од типот А (Х1Н1).
Јовановиќ кажа и дека од почетокот на годинава во Србија се потврдени 962 случаи на пертусис или голема кашлица и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата, оти не постои подобар начин за нивна заштита.