Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Србија бројот на заболени од коронавирус двојно зголемен за разлика од минатата недела

 Во Србија во изминатите седум дена регистрирани се 2.803 заболени лица со коронавирус од 13.297 тестирани примероци, со што бројот на заболени речиси двојно е зголемен, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што е објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство Covid-19.rs. изминатата недела биле тестирани 7.437 лица, а Ковид е потврден кај 1.529 пациенти што говори дека за седум дена бројот на заразени речиси се удвоил.

Од почетокот на епидемијата во март 2020 година, регистрирани се 2.552.178 заболени лица, од 13.088.879 направени тестови во истиот период. Во изминатите седум дена не се евидентирани смртни случаи.

Работната група на српското министерството за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид во вторникот донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи.

-Се одржува задолжително тестирање на Ковид на сите вработени во здравствените установи доколку имаат симптоми на акутна респираторна инфекција и нивна задолжителна контрола и тестирање по утврдена инфекција, соопштија од институтот Батут.

Во него се додава дека на ниво на болнички установи, задолжително е тестирањето на пациентите како услов за хоспитализација, потребно е тестирање за прием на хематолошки и онколошки одделенија, како и геријатриски одделенија и одделенија каде се лекуваат пациенти со примарна и тешка имунодефициенција.

Воведена е и забрана за посета на болници кои се во надлежност на Комисијата за превенција на болнички инфекции. 

Зачлени се на нашиот е-билтен