Планирана е парада на ешалони од припадници на единици од сите родови и служби во Вооружените сили на Србија и кадети на Воената академија, единици на возила, пловила од Речната флотила, како и лет на воздухоплови.
Програмата вклучува и гардиска вежба, како и демонстрација на можностите на единиците на Вооружените сили на Србија, се вели во најавата.
Покрај новите и модернизирани средства со кои е опремена српската армија во претходниот период, ќе бидат презентирани и средства од развојот на домашната одбранбена индустрија.