Во Србија, македонски автобус излетал од патот поради снегот

Синоќа на автопатот кај Добановци, Србија, македонски автобус целосно излетал од патот, јавуваат српските медиуми. Незгодата се случила на правецот од градот кон излезот, во услови на силен снег и тешки зимски услови.

Засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот. Првичните извештаи велат дека возач на друг автобус веднаш застанал за да им помогне на загрозените.

Од вчера речиси цела Србија е покриена со снег. Според извештаите на ЈП „Патишта на Србија“, на многу делници има снег со дебелина до пет сантиметри, што го отежнува движењето и го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди.

Надлежните служби веќе работат на расчистување на теренот, а повеќе детали за причините за излетувањето на автобусот се очекуваат во текот на денот.

Зачлени се на нашиот е-билтен