Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Србија просечната плата ќе биде 900, во Хрватска 1315 евра

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше од Њујорк и истакна дека просечната плата во Србија во декември ќе биде 900 евра, што е трипати повеќе за 10 години.

„Мораме да притискаме, добро е што се носи ребалансот, наскоро ќе влезе во буџетот, се надевам дека министрите ќе ги намалат апетитите, дека ја имаме стапката на јавниот долг под контрола. Се надевам дека дефицитот нема да надмине три проценти“, додаде Вучиќ.

Вучиќ истакна и дека платите во Србија растат.

Платата на наставниците беше околу 30.000 динари, денес е околу 100.000 динари без надоместоци за стаж и други додатоци“, рече Вучиќ.

Во Хрватска стигна до 1315 евра

Просечната јулска нето плата во Хрватска изнесува 1.315 евра, што номинално и реално исто како и во јуни, објави хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС). На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 15,2 отсто, а реално за 12,7 отсто, во однос на јули 2023 година.

Највисоката просечна месечна нето-плата по вработен за јули 2024 година е исплатена во секторот авиосообраќај и изнесува 2.248 евра. За разлика од нив, најниска просечна нето плата во Хрватска е забележана во производството на облека во јули и изнесува 856 евра, се наведува на веб-страницата на ДЗС.

Медијалната нето плата во Хрватска за јули изнесува 1.130 евра, што значи дека половина од вработените во Хрватска заработуваат помалку од споменатата сума.

Во Македонија пад на просечната плата за речиси 1.000 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 1.000 денари пониска од јуни кога изнесуваше 41.939 според податоците од Државниот завод за статистика.

Ова е првпат да биде забележан пад на просечната плата во изминатите месеци почнувајќи од јануари годинава, кога постојано бележеше тренд на расте.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2024 година, изнесува 41.252 денари, во април пак 2024 година, изнесува 41.085 денари, во март 2024 година, изнесува 40.496 денари, во февруари 2024 година, изнесува 39.876 денари и во јануари 2024 година , изнесувала 39.542 денари.

Зачлени се на нашиот е-билтен