Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во станбена зграда во Газа откриена фабрика на Хамас за производство на дронови и складиште за оружје

Израелските војници кои дејствуваат во Појасот Газа во една станбена зграда открија фабрика за производство на беспилотни летала на Хамас и складиште за оружје, јавија израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесе „Тајмс оф Израел“.

ИДФ соопштија дека зградата, во населбата Шеик Радван во градот Газа, се наоѓа веднаш до училиште.

Снимка објавена од ИДФ на социјалната мрежа Х покажува како војниците во зградата пронаоѓаат неколку беспилотни летала, како и опрема што се користи за нивно производство и инструкции за правење експлозивни направи. Оттаму наведуваат дека израелските војници пронашле и голем број бомби на местото.

Зачлени се на нашиот е-билтен