Во уметничката галерија „А – Gallery” во Талин, е поставена изложбата MULTIVERSE на македонската уметница Мима Пејоска.
Изложбата е базирана на концептот на паралелни универзуми, претставена со дела изработени од комбинација на сребрен филигран и хеклан челик.
Мима Пејоска е уметница од помладата генерација, која своето образование и искуство ги има добиено во државава, како и во Италија, Турција, Германија и во Америка.
Нејзини дела веќе биле изложени во Савана, Вашингтон, Хонг Конг, Тајпеј, Атланта, Берлин, Ерусалим, Брисел, Барселона. Соработува и работи главно за компании од САД и Хонг Конг.
Продажната изложбата ќе биде отворена до 25 јуни годинава. (МИА)