Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Вајмар, родниот град на Гете, на Искра Гешоска ѝ беше врачен медалот што го носи името на големиот философ

Искра Гешоска, менаџерка во културата, го прими Гете-медалот за 2024 година вчера на свеченост што се одржа во германскиот град Вајмар.

Ова се смета за најважна награда во надворешната културна политика на Германија.

Заедно со Гешоска, наградата ја добија уште две борбени жени – театарската менаџерка Кармен Ромеро Керо од Чиле и книжевната преведувачка Клаудија Кабрера од Мексико.

Сите три добитнички на награди ги обединува нивното безусловно верување во моќта на културата да го промени општеството. Тие „не дозволуваат да бидат обесхрабрени од контраветровите и пречките“, вели Карола Ленц, претседателка на Гете-институтот, во интервју за „Дојче веле“.

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика.

Зачлени се на нашиот е-билтен