– Единаесет лица беа обесени денеска во затвор во јужен Ирак поради „терористички дејствија“, изјави анонимен претставник на ирачките безбедносни сили.
Тој потврди дека имало „11 егзекуции во затворот Ал-Хут во Насирија“.
Според него, сите „се осудени според член 4 од Законот за борба против тероризмот“.