Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Водата е исправна за пиење во Струмица и во другите места, потврдија акредитирани лаборатории, се чека мислењето на ИЈЗ Скопје

Јавното претрпијатие за комунална дејност „Комуналец“ од Стриумица со допис до медиумите извести дека согласно 16-те микробиолошки анализи изработени од страна на акредитирани лаборатории за квалитетот на водата во Струмица и во населените места Дабиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Водоча и Баница, е исправна за пиење.

Во сите анализи, стручното мислење гласи: испитаниот примерок на вода е здравствено исправен согласно правилникот за безбедноста на водата, се наведува во известувањето.

Од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица итакнуваат дека се уште го нема резултатот од анализата направена од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје, за кој од страна на медиумите дознале дека не одговара на Правилникот за безбедност на водата, поради присуство на колиформни бактерии.

Во исчекување на официјалните резултатите од Институтот за јавно здравје – Скопје, од јавното препријатие известуваат дека продолжуваат со активностите за водоснабдување на граѓаните со питка вода сѐ до моментот кога инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство ни даде решение дека водата официјално е за пиење.

Зачлени се на нашиот е-билтен