Секоја година илјадници Македонци тргнуваат на сезонска работа во Германија, Холандија, Грција, Италија и Хрватска, надевајќи се дека ќе донесат плата што дома очајно недостига. Но таму, меѓу јагодите, доматите и хотелските шанкови, честопати ги затекнува прекувремена работа без додаток и сместување во пренатрупани заеднички простории за живот. Рацин.мк, изработени опсежна анализа врз основа на податоци за издадени на визи, инспекциски извештаи и дипломатски податоци, и им нуди на македонските сезонци јасни контакти и чекори за пријава на секоја злоупотреба од страна на работодавецот или агенцијата која ги испратила – пред експлоатацијата да стане нивно секојдневие.
Јасмина (24) од Валандово годинава го дочекa мај под холандските стакленици, собирајќи пиперка „рамиро“, додека нејзиниот брат Влатко береше јагоди во Баварија. Разделени на 1 800 километри, обајцата си ветиле една работа ‒ ако им „испадне“ неисплатена смена или пренатрупан стан, веднаш ќе пријават по негативните искуства кои ги имале минатата година.
Сезонците најчесто одбираат да работат на некоја од следниве пет дестинации:
- Германија ‒ земјоделство и месна индустрија; тамошната статистика број ~243 000 сезонци во 2024, во кои македонците се скромен, но постојан дел
- Хрватска ‒ туризам и угостителство; повеќе од 21 000 нови дозволи во 2024, а меѓу најчестите сезонци се токму македонците.
- Италија ‒ берба домати, цитруси, маслинки; државата во 2024 отвори 82 550 квоти за сезонци во агросекторот
- Грција ‒ туризам и маслинки; ова лето се отворени 80 000 работни места
- Холандија ‒ оранжерии и логистика; силниот извоз на цвеќе и зеленчук бара постојан прилив на работници.
Со едноставен договор и автобуска карта, илјадници македонски семејства се обидуваат да го надополнат домашниот буџет ‒ но истиот тој договор знае да стане стапица ако станот биде претворен во колективен простор за спиење, често по 5-6 луѓе во 40тина квадрати, а смената трае и по повеќе од 10 часа.
Директивата 2014/36/ЕУ вели дека сезонецот мора да добие еднаква плата, здравствено осигурување, писмен договор на разбирлив јазик и пристојно сместување. Контролата, пак, е во рацете на националните инспекции; за да тргнат воопшто на терен, мора прво некој да им се јави.
Каде и како да пријавите
Доколку сте сезонец ви подготвивме табелата во која собрани брзите, бесплатни линии (и достапни е-образци) каде што македонските сезонци можат анонимно да пријават неисплатена плата, прекувремена смена без договор или закани од посредници. Сите броеви обезбедуваат преведувач кога ќе побарате.
Земја | Служба | Телефон / образец | Работно време / белешка |
---|---|---|---|
Германија | Faire Mobilität – синдикална правна помош | 0800 000 5776 (б/х/с) | Пон.–Сре. 9–12 и 13–17 ч.; Чет. 13–17 ч. (faire-mobilitaet.de) |
Холандија | Инспекторат за труд | 0800 51 51 (NL) / +31 70 333 5678 | 24/7, анонимно (nllabourauthority.nl) |
НВО FairWork | +31 20 760 0809 | Мултијазична правна поддршка | |
Грција | Државна инспекција SEPE | 1555 | Пон.–Пет. 9–15 ч. (hli.gov.gr) |
Линија против трговија A21 | 1109 | 24/7, за присилна работа (a21.org) | |
Италија | Национална анти-трафикинг линија | 800 290 290 | 24/7; мобилни тимови Su.Pr.Eme. (osservatoriointerventitratta.it) |
Хрватска | Државен инспекторат – трудови односи | 01 2375 155 | Пон. 8–11; Сре. 12–15; Пет. 8–11 ч. (gov.hr) |
Четири чекори пред да ја кренете слушалката
- Соберете докази – копија од договорот, фотографии од сместувањето или полињата, снимени пораки со надредениот.
- Запишете време и место на прекршувањето. Инспекторите ќе бараат прецизни датуми.
- Побарајте преведувач – секоја од службите е должна да обезбеди јазична помош.
- Во животозагрозувачка состојба веднаш избирајте 112, универзалниот европски итен број.
„Надежта доаѓа со првиот повик“
Минатата сезона Faire Mobilität во Германија регистрирала преку 1 200 пријави на балкански работници, од кои секоја трета завршила со наплата на задоцнета плата или парична казна за работодавачот. „Надежта доаѓа со првиот повик“, велат од канцеларијата во Дортмунд.
Изборот, вели Јасмина, е „или да молчиш за неправдата, или да свртиш уште денес“. Од работа нема срам, ама има срам од несовесни работодавци.