Од другата страна на Охридското Езеро, на албанскиот дел, денеска во Поградец се одржа церемонијата на положување на Светиот крст во езерските води. Настанот се одржа на 6 јануари, со присуство на бројни верници, а меѓу највпечатливите сцени беше влегувањето на млади луѓе во студената вода во традиционалната потрага по крстот со кој симболично се осветуваат водите.
На македонската страна, централната манифестација за Богојавление – Водици во Охрид, со фрлање на Светиот крст во езерото, е најавена за 19 јануари 2026 година.