Во Скопје утре, на 29 март, ќе се одржи петтото издание на трката „Водно 10К“, во организација на Атлетскиот клуб „Фортиус“, со почеток во 10 часот на Средно Водно. Според објавените податоци, за трката се пријавени околу 500 натпреварувачи, а покрај главната делница ќе се одржи и штафетна трка.
Стартот е предвиден на долниот паркинг на Средно Водно, а трасата ќе се движи по асфалтниот пат до манастирот „Свети Пантелејмон“ и назад, во вкупна должина од 9,6 километри. Кај штафетната трка ќе настапуваат екипи од по двајца учесници, со измена кај паркингот до манастирот.
Поради одржувањето на настанот, оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 6 до 13 часот. За учесниците е организиран и бесплатен превоз од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на Средно Водно, а по завршувањето на трката и во обратен правец.