Водопади во Македонија за викенд-бегство

Ако т=ви треба ден без асфалт и нотификации, водопадите низ Македонија се идеален викенд-излет: кратки пристапи, ладовина под буки и природен „white noise“. Го собравме најубавото за лесна прошетка со семејството или друштвото — од Беласица до Шар Планина и Преспа.

1) Смоларски водопад (Беласица, Струмичко) — класика за сите генерации

Највисокиот постојан водопад во државата (39,5 м) со уредени дрвени платформи и кратка обележана патека со околу 300 камени скали. Шума, свежина и безбедна подлога за деца. Идеален пред пладне или во „златен час“.

2) Колешински водопад (Беласица) — лесна сеновита прошетка

Се наоѓа на 600 м надм. височина, со пад од 15–19 м. Пристапот е краток и пријатен, низ густа шума и неколку мини-сливови погоре по текот.

https://static.wixstatic.com/media/4fd590_7e65d9e72f524172be15348b6b27685a~mv2.jpg/v1/fill/w_800,h_600,al_c,q_85,enc_avif,quality_auto/4fd590_7e65d9e72f524172be15348b6b27685a~mv2.jpg

3) Габровски водопади (над с. Габрово, Струмица) — мини оаза во близина на Колешино и Смоларе

Три помали слапови (4–8 м) во серија, со ладовина и пикник-точки; од паркиралиштето те чека околу 1 км лесно нагоре (20-тина минути). Одлично за семејни фото-паузи.

4) Вевчански извори и водопад (Вевчани) — урбана природа со заштитен статус

Изворите и малиот водопад во срцето на селото се прогласени за заштитено подрачје; лесна кружна прошетка со клупи и видиковци, особено пријатно летно попладне.

5) Дуф водопад (Ростуше, НП Маврово) — кањон со ладна магла

Патека се наоѓа покрај Радика/Ростушка Река, околу 2,6 км во двете насоки (од прилика на 1 час и 140 м искачување). Кањонот е прилично тесен а подлогата е влажна, доколку се решите за оваа деситнација понесете си патики и внимателно движете се.

6) Камењане — патека по 8 мини-водопади (Шар Планина, кај Тетово)

Кратка, но „instagrammable“ рута: должината е околу 7 км и на 430 м висинска разлика. За семејства со постари деца или лесно активни групи; после дожд е најфотогенично.

7) Копршница / Момински водопад (Демир Капија) — авантура за љубопитни

Убав, но подалечен и со делници што бараат малку понапорно искачување; познат е и по засилено присуство на жива во водата — не се препорачува капење.

8) Грешница водопад (Кичевско)

Од селото Грешница има едноставен пешачки пристап околу 600 м до слапот; добра опција ако патуваш по „Охридска“ рута и бараш кратка природна пауза.

Зачлени се на нашиот е-билтен