Водовод вели дека водата е ОК за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“. 

Секторот за санитарна контрола во периодот од 28 јули до 1 август 2025 земал 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје.

Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Зачлени се на нашиот е-билтен