Воена вежба на НАТО, предводена од Германија, во Балтичко Море

Во Рошток денеска почна голема воена вежба во која учествуваат 14 земји-членки на НАТО, во чиј фокус е преместување на трупи и опрема од Германија во Литванија.

Воената вежба „Квадрига“ ја предводи германската морнарица, а учествуваат повеќе од 8.000 војници од 14 држави, меѓу кои САД, Велика Британија, Канада и сите земји-членки на НАТО кои имаат излез на Балтичко Море.

Германската армија соопшти дека за воената вежба ангажирани се 40 бродови, 20 авиони и повеќе од 1.800 возила.

Воената вежба ќе трае неколку недели.

Зачлени се на нашиот е-билтен