Воена вежба на руските стратешки нуклеарни сили

Кремљ соопшти дека е извршено пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета Јарс од полигонот Плесецк, северозападна Русија

 Русија денеска одржа воена вежба на стратешките нуклеарни сили, при што тестираше и лансирање на ракети. Со вежбата раководеше рускиот претседател Владимир Путин.

Кремљ соопшти дека е извршено пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета Јарс од полигонот Плесецк, северозападна Русија. Додека од подморница во Баренцово Море беше лансирана интерконтиненталната балистичка ракета Синева.

Во воената вежба учествуваа и стратешките авион бомбардери Ту-95, кои истрелуваа крстосувачки ракети со долг дострел.

– Во вежбата проверени се и вештините на воените командни структури, се истакнува во соопштението на Кремљ.

Воена вежба е одржана откако беше одложен самитот на претседателот на Русија и на САД, Путин и Доналд Трамп. 

Зачлени се на нашиот е-билтен