И покрај тоа што јужнокорејскиот парламент гласаше против воената состојба воведена од претседателот на државата Јун Сек Јеол, војската соопшти дека ќе ја почитува одлуката на претседателот додека не ја укине тој самиот.
Ваквиот потег следува по судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили кои се обидоа да го забарикадираат Националното собрание.
Situation in South Korea is getting heated. pic.twitter.com/8Efvadok9m
— Community Notes & Violations (@CNviolations) December 3, 2024
Претседателот на Националното собрание на Јужна Кореја претходно соопшти дека јужнокорејските војници ја напуштаат зградата на парламентот.
Војниците влегоа во зградата веднаш по прогласувањето на воена состојба од страна на претседателот.
Во Парламентот пратениците гласаа против воведувањето на воена состојба објавено од претседателот Јун Сук Јеол, а против гласаше дури и лидерот на партијата од која доаѓа тој.
Сите присутни 190 пратеници од вкупно 300 во Парламентот гласаа за поништување на мерката.