Волчја месечина ќе се појави на небото на 4 јануари

На 4 јануари, полна месечина ќе се појави на небото и ќе изгледа необично голем и светол. Оваа „супермесечина“ е последната од низата супермесечини кои започнаа уште во октомври.

Супермесечината се случува кога Месечината се најде поблиску до Земјата од вообичаеното. Поради тоа, Месечината може да изгледа до 14% поголема и околу 30% посветла од нормално. Најполна ќе биде околу 10 часот наутро, но вечерта претходно Месечината ќе биде јасно видлива како голем и сјаен круг.

Јануарската полна месечина често се нарекува и „Волчја месечина“, „Студена месечина“ или „Тврда месечина“. Иако овие имиња се традиционални, многу од нив станале популарни дури во ново време.

За посматрање на супермесечината не е потребна посебна опрема. Дури и гледањето од населени места е соодветно, бидејќи објектите на хоризонтот дополнително ја потенцираат големината и драматичниот изглед на Месечината.

Инаку, месечината ќе биде повисоко на небото отколку во другите периоди од годината, па ќе биде видлива подолго време, но истовремено може да делува малку помала во однос на објектите на Земјата.

Супермесечината ќе се совпадне и со метеорскиот дожд Kvadrantidi, но поради светлината на полната ,есечина, метеорите може да бидат потешко забележливи.

Зачлени се на нашиот е-билтен