Американските индекси на Волстрит неделава завршија пониско, додека инвеститорите ја премеруваат следната одлука на Федералните резерви. Dow Jones падна 0,2% на 46.247 поени, S&P 500 ослабе 0,3% на 6.643 поени, а Nasdaq се спушти 0,7% на 22.484 поени.
Подобрената проценка за раст на БДП во вториот квартал на 3,8% и пониските барања за надомест за невработеност (218 илјади) го зацврстија впечатокот дека економијата е издржлива, што ги разлади очекувањата за ново, брзо намалување на каматите. Августовската инфлација се движеше во рамките на очекувањата (0,3% месечно; 2,7% годишно).
Европските пазари завршија во зелено: лондонскиот FTSE +0,7% на 9.284, франкфуртскиот DAX +0,4% на 23.739, парискиот CAC +0,2% на 7.870 поени.