Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Волстрит џурнал“: Ники Хејли денеска ја прекинува кампањата за претседателската номинација

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли денеска ќе ја прекине кампањата за претседателската номинација на Републиканската партија, пишува „Волстрит Џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Хејли планира накратко да им обрати на новинарите во Чарлстон, Јужна Каролина, околу 10 часот по локално време, каде што ќе ја соопшти одлуката, пишува американскиот весник.

Одлуката за прекин на кампањата доаѓа откако поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, победи на непартиските избори синоќа во 14 од 15 сојузни држави на САД. Хејли победи само во Вермонт, а досега победи уште само во Вашингтон, во федералниот округ Колумбија.

Зачлени се на нашиот е-билтен