Американската администрација преговара со Авганистан за размена на приведени Американци во таа земја за најмалку еден затвореник од Гвантанамо, кој наводно имал поврзаност со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, објави денеска „Волстрит џурнал“.
Весникот, повикувајќи се на добро информирани извори, наведува дека американската администрација бара ослободување на тројца Американци кои беа уапсени во 2022 година – Рајан Корбет, Џорџ Глезман и Махмуд Хабиби, во замена за ослободување на Мухамед Рахим ал Авгани од Гвантанамо.
Се посочува дека преговорите траат од јули.