Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Воздухопловна команда на НАТО: Норвешка има за цел да користи биогориво за повеќенаменски ловци Ф-35

 Норвешката армија има за цел да користи биогориво за своите авиони Ф-35 до крајот на годината, соопшти денеска воздушната команда на НАТО.

„Оваа иницијатива покажува дека биогоривото може да се користи за Ф-35 и да помогне во намалувањето на емисиите на јаглерод од авионите. Декарбонизацијата е важна цел во Акцискиот план за климатски промени и безбедност“, се додава во соопштението на платформата Икс.

Покрај намалувањето на емисиите на јаглерод, употребата на биогорива може да придонесе за енергетска безбедност преку намалување на зависноста од традиционалните фосилни горива.

Зачлени се на нашиот е-билтен