Возеле пијани, со забрана и без возачка, уапсени 11 возачи во еден ден

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата уапсиле 11 возачи.

Од нив, еден возач во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола и седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола и Ресен) затоа што управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Возачот во Демир Капија претходно се заканувал на неговата сопруга и со тврд предмет го нападнал неговиот татко. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај; велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен