Возило излетало во реката Треска, за среќа нема повредени

Центарот за управување со кризи информира дека од страна на ЦИК при МВР е добиено известување дека патничко возило излетало во реката Треска, во близина на езерото Матка. Во првичната фаза немаше информации за евентуални жртви.

По добиената информација, преку Секторот за операции и координација беше известено одговорно лице од ХЕЦ „Матка“ за намалување на испустот на водата, со цел да се овозможи безбедно вршење увид од страна на полициските екипи.

Од СВР при МВР информираат дека возилото е извлечено од реката и дека е извршен увид на лице место.

Според досегашните информации, во настанот нема повредени лица, а сите инволвирани се здрави, контактибилни и вон животна опасност.

Зачлени се на нашиот е-билтен