Возниот ред на ЈСП ќе се менува

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во периодот што следи ќе се отвори процес за промена на возниот ред на Јавното сообраќајно претпријатие, оценувајќи дека распоредот со кој функционира градскиот превоз не бил суштински менуван со децении.

Според Ѓорѓиевски, возниот ред е креиран во време кога не биле земени предвид новите населби што во меѓувреме се прошириле или целосно „никнале“ на територијата на Скопје, додека на други места, каде што порано имало засилени потреби од автобуски линии и пофреквентен превоз, денес потребата е намалена.

Тој најави дека измените нема да се прават брзоплето и „преку ноќ“, туку ќе се водат како процес во наредниот период, со цел да се избегнат нови пропусти во системот. Како дел од пристапот, градоначалникот посочи дека ќе се бара и активно вклучување на граѓаните, кои ќе можат да дадат забелешки и предлози за тоа каде најмногу недостига превоз и каде постојниот распоред не одговара на реалните потреби.

Зачлени се на нашиот е-билтен