Вработен во „Национални шуми“ им давал да сечат дрва колку сакаат за 200 евра месечно

Основното јавно обвинителство во Струмица започна истражна постапка против вработен – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица, под сомнение за продолжено кривично дело – Примање мито, согласно член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот наводно барал парични подароци од неколку лица, со цел да избегне вршење задолжителни контроли. На овој начин, им овозможувал повеќекратно да добиваат дозволи за селска сеча и да ја продаваат дрвната маса на трети лица, за што од нив барал месечен надомест од 200 евра. Осомничениот бил фатен во момент на примање поткуп од лице кое, по претходен договор, требало да му исплати пари за дозвола за сеча на планината Огражден.

Судијата во Основниот суд во Струмица, по предлог на обвинителот, му одреди 30-дневен притвор на осомничениот.

Зачлени се на нашиот е-билтен