Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вработени во Њујорк Тајмс најавија штрајк пред американските избори

Фото: Haxorjoe, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Технолошките работници во Њујорк Тајмс во писмо испратено до Управниот одбор на компанијата побараа постигнување на договор, кој доколку не биде постигнат пред изборите ќе започнат штрајк.

Синдикатот на работниците брои околу 700 технолошки работници и преговара со раководството на компанијата за постигнување на колективен договор.

Како што известуваат во писмото членовите на синдикатот го одобриле штрајкот уште на 10 септември и велат дека доколку нема компромис пред изборите ќе штрајкуваат.

„Како преговарачки комитет на вработените во технолошкиот сектор во Њујорк тајмс, ви пишуваме за да ве информираме дека претставниците на Тајмс во преговорите покажаа неподготвеност за компромис во поглед на клучните договори“, се наведува во писмото на синдикатот, објавено на социјалната мрежа X. 

Зачлени се на нашиот е-билтен