Вработените во Аџибадем Систина: „Почивај во мир, драг наш Панчо…

Вработените во Аџибадем Систина се простија од Панчо

Од болницата Систина, каде што Владимир Блажев Панчо беше на 7-месечно болничко лекување, се простија од музичарот со емотивна објава.

„Почивај во мир, драг наш Панчо…

Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета…

Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја…

Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе …

Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме…“, пишува во објавата на болницата

Бројни колеги, пријатели, познаници и обожаватели, денес скршени од болка за уште еден млад згаснат живот на човек кој беше голем уметник и хуманитарец.

Под објавата на болницаа се огласи и сопругата на Панчо, Маја со кој има два сина, и која сите месеци била покрај него.

„Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не си кажавме цел живот.

Ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте и втор дом изминатиов период.

Нема зборови и нема утеха, а знам дека сте и вие скршени од болка“, напиша Маја.

Зачлени се на нашиот е-билтен