Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вработените во култура добија покачување на платите по втор пат оваа година, општиот не го поткопува секторскиот колективен договор

„Платите им се на сметка на вработените во култура. Мислам дека тоа дека тоа зголемување и овој месец и следниот месец и сите наредни месеци до стапување на сила на новата минимална плата, тие ќе си ги имаат своите плати, редовно исплатени на сметка. Тоа е знак дека и тоа како сме насочени кон тоа да има уште поголеми плати“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на Канал 5.

Таа додаде дека иако синдикатот одбил, морало да се најде правен механизам и во консултации со Министерството за труд и социјална политика и со Државниот инспекторат за труд било одлучено дека ова е најдоброто решение.

„Ако тие сметаат дека уште некое право им е прекршено, имаат право да се жалат, меѓутоа и ние како Министерство за култура ќе одговориме на тоа соодветно и правно издржано, дека тоа беше единствениот начин е единствениот пат тие да ги добијат своите плати“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Министерката објасни дека вработените во култура, како вработени во јавниот сектор добиваат покачување од 10 отсто поради општиот колективен договор и тоа не го поткопува секторскиот колективен договор.

„Сакам да ги уверам и припадниците и вработените во институциите од култура дека апсолутно нивниот колективен договор е активен и важи и воопшто нема никаков обид за минирање, туку едноставно при склучување на општиот колективен договор којшто се потпиша меѓу владата и претставници на Сојузот на синдикати, Синдикатот на СКРМ не е дел од ССМ и токму затоа ние моравме да направиме вакви нови решенија, затоа што добиваат право на плата по друг Колективен договор“, нагласи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на Канал 5.

Министерката рече дека како припадници на јавниот сектор на вработените на култура им следува покачување согласно општиот колективен договор.

„Актерот од прва категорија, додека старата нето плата беше 53 263 денари, сега изнесува 58 450 денари без минат труд, што значи колку има повеќе минат труд знаеме дека тоа има уште повисока плата. На пример, платата на балетски играч првенец конкретно, старата плата односно нето платата која што ја гледаат на сметка изнесуваше 63 823 денари, сега без минат труд изнесува 70 115 денари“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека во март, кога повторно ќе има зголемување на минималната плата и платите во културата ќе продолжат да растат и повторно ќе мора да има нови решенија за плата, кои не го минираат колективниот договор во културата потпишан во 2019 година.

Најново