„Врати ми ја тишината“ – нова песна на Љубојна во дует со Бранислав Николов


Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29 март во македонската Филхармонијаа во пресрет на концертот, групата ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината”, во дует со Бранислав Николов.

„Врати ми ја тишината” е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца” во соработка и дружба со Фолтин. Видеоклипот е документиран во живо на сесиите во Studio Wave и во „Театар Комедија”.

Музиката и аранжманот се на Оливер Јосифовски, текстот е на Сашо Димоски. Вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов, а музичарите се: Оливер Јосифовски (акустична и бас гитара), Бојан Петков (укулеле) и Александар Секуловски (удиралки).

Песната во придружба на видео е објавена денес и е достапна на следниот линк:

Зачлени се на нашиот е-билтен