Украинската Врховна рада ги повика парламентите, владите и институциите на Европската унија на состанокот на Европскиот совет на 15 декември да одлучат за почеток на преговорите за членство на Украина во ЕУ.
Украинскиот пратеник Јарослав Железњак на Телеграм објави дека жалбата е усвоена со 292 гласа „за“, пренесуваат украинските медиуми.
Во апелот, Врховната рада ги повика националните парламенти и владите на земјите-членки на Европската унија и институциите на ЕУ да ги поддржат аспирациите на Украина за пристапување во Европската унија со усвојување на одлуката за отворање на соодветните преговори за време на состанокот на Европскиот совет на 15 декември.
Покрај тоа, повикаа и на континуирана поддршка на украинскиот народ во борбата за државниот суверенитет на Украина и обновувањето на нејзиниот територијален интегритет во меѓународно признатите граници.