Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Врховниот суд на Израел ги разгледува петициите против законот што ја отежнува смената на премиерот

раелскиот Врховен суд денеска ги разгледува петициите против законот што ја отежнува смената на актуелниот премиер и за кој критичарите велат дека го штити Бенјамин Нетанјаху додека му се суди за корупција.

Тоа е дел од клучните петиции за предложениот пакет закони и владини мерки за промена на правосудниот систем во земјата.

Претставките се разгледуваат од проширен судски совет од 11 судии, што ја покажува важноста на разгледувањето.

Владејачката коалиција на Нетанјаху во март усвои закон со кој му се дозволува на премиерот да се смета дека не е способен да владее исклучиво од медицински и ментални причини.

Законот, исто така, му дава на премиерот или на неговиот кабинет овластување да одлучува за неспособноста на лидерот.

Критичарите велат дека законот го штити Нетанјаху да не биде прогласен за неспособен да ја извршува функцијата премиер додека продолжува неговото судење за корупција. Тие тврдат дека постои конфликт на интереси поради вмешаноста на Нетанјаху во судските реформи и дека законот е скроен по мерка на Нетанјаху и оти поттикнува корупција.

Врз основа на ваквите критики, денешното судско рочиште е насочено кон тоа дали законот ќе стапи на сила по следните парламентарни избори, а не веднаш, за да не се толкува како персонализиран. Се очекува пресудата да биде изречена во јануари.

Десетици противници на судските реформи се собраа околу приватниот стан на Нетанјаху во Ерусалим пред сослушувањето, додека неговите сојузниците го бранеа законот.

Нетанјаху ги негира обвинувањата и ги смета за дел од „лов на вештерки“ оркестриран од непријателски медиуми и пристрасен судски систем. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново