Родителите прашуваат како да реагираат и што можат да направат кога се соочуваат со прикривање од страна наставниците, а да не зборуваме дека во нашите училишта има оружје, има врсничко насилство и има насилство од наставниците кон децата. За сите овие работи, доколку ги прашате надлежните институции, ќе ви речат „ние немаме такви информации“, „во нашето училиште сѐ одлично“.
Зоран БОЈАРОВСКИ
Од податоците што ги добиваме од истражувањата и анкетите, како и од укажувањата што ги добиваме од директорите и наставниците од училиштата и од реакциите а родителите, треба да бидеме многу загрижени за степенот на врсничко насилство, вели во разговор за Рацин.мк на темата Љуан Имери од Институтот за социолошки, политички и правни истражувања, мировен активист и извршен директор на Центарот за човекови права и разрешување конфликти.
Со богатото искуство во програмите за обуки, превенција и справување, меѓу другото, и со врсничкото насилтво, Имери нагласува дека состојбата е акутна и алармантна и дека е неоходно поскоро да се интервенира.
На прашањето кои се факторите што го поттикнуваат врсничкото насилствио и дали училиштата имаат соодвтени одговори, Имери вели дека факт е дека Министерсвото за образование и наука и Бирото за образование имаат на хартија сѐ што треба да биде одговор за врсничко насилство. Заштитните механизми, протоколи се тука, но факт е и дека има пораст на врсничко насилство во сите форми: физичко, психичко, а во последно време има и многу сајбер насилство и дека или нема или реакциите не се соодветни.
– Не се реагира, се прикрива и уште повеќе, ако одиме понатаму, во нашите училишта има и насилство од страна на наставниците кон децата. Загрижува и тоа. Има механизми, има можност да реагираме, но тоа не го правиме, односно не реагираме соодветно. Нашата култура е веројатно таква што ние се обидуваме да направиме сѐ не да реагираме кон насилството, туку да најдеме начин како тоа да го „покриеме“. Да не биде видливо, вели Љуан Имери.
Иако врсничкото насилство е подеднакво загрижувачки феномен во било која средина, во нашата земја се забележуваат специфики кога е во прашање оваа појава кај одделни етнички заедници.
– Особено во албанските средини ситуацијата е исто така драматична како и во другите средини, но реакцијата, односно односот кон насилството е многу поамбивалентен. Не се потресуваат многу. Во многу случаи дури јас добивам укажувања од директорите „добро бе, малце насилство, малку ќотек, е добро за децата“, „ние така сме растеле“, „нас не тепале наставниците и затоа сме вака добри паметни интетелктуалци“, укажува Имери.
Кога станува збор за врсничко насилстви има жртва, има насилник, но имаме и публика. Тој триаголник говори многу за карактеристиките на насилството меѓу врсниците.
Имери вели „треба да ги направиме сите работи што треба и што се предвидени да се направат, но посебно ме загрижува публиката“.
– Тоа што ме загрижува мене лично е тоа дека публиката, која е исто така чинител во сето ова, многу е амбивалентна. Или не рагира воопшто или реагира несоодветно со тоа што му дава крилја на насилникот, му дава плодно тло за да се случи насилтвото. На микро ниво треба да работиме со насилникот и жртвата, меѓутоа на некое макро ниво треба да работиме на подигнување на свеста за насилството, за последиците од врсничкото насилство што го имаме во училиштата. Само со подигнување на општата свест дека насилството раѓа насилство, дека врсничкото насилство може да има катастрофални последици кон детето и во развојот на детето, само тогаш можеме да направиме нешто подобро за тоа, препорачува мировнио активист и извршен директор на ЦЧПРК.
Љуан Имери раскажува дека добиваат покани од некои од училиштата лично од директорите да одат во нивното училиште за да помогнат зашто препознаваат дека имаат сериозен проблем со врсничко насилство и таму се добредојдени. Но, вели тој, одиме и во рамките на кампањи кои не се директно поттикнати од училиштата, како што била една од кампањите на Град Скопје и во повеќето од училиштата се чувствувале како непоканети гости.
– Некои директори ни замераа дека ги оснажнуваме децата за да се изборат за своите права. Различна е состојбата, различен е приемот, но она што мене ми дава сила да го работам ова е ракцијата на самите деца. Одам во училишта и гледам деца коишто со солзи во очите те слушаат и многу винателно де следат. Понекогаш не прашуваат ништо, а понекогаш прашуваат што можат да направат, како да пријават. Не знаат ниту за протоколи, не знаат дека во нивното училиште има психилог, педагог коишто се задолжени тоа да го направат, меѓутоа тоа ни дава сила. Да, секогаш ќе има директори, наставници кои нема да им зборуваат на децата за нивните права и што можат да направат, но ние се водиме од Конвенцијата, се водиме од нашите закони каде што детето не смее да биде жртва на насилство, нагласува Љуан Имери.
Што да направат родителите, што да прават наставниците, педагозите, психолозите? Како да се постават министерството, просветниот инспекторат и другите институции задолжени за справување со предизвикот на врсничкото насилство? Имери вели на хартија ги има сите механизми, а нема импелментација, нема резултати.
За да ја илустрира нефункционалноста на системот укажува на една од опциите за пријавување на претставки до Просветниот инспектират. На веб страницата на оваа институција е предвидено опција за пријавување неправилности или појави какво што е врсничкото насилство, но таа страница е нефукционална и со години нанзад единствениот одговор од таму е: Ерор 404.
– Тоа е отприлика сликата за нашиот систем. Има добри закони, понекогаш се одлични, понекогаш добри, меѓутоа недостасува начинот, заштитните механизми. Како јас како родител да реагирам на насилството, што можам јас да направам. Се прикрива, а да не зборуваме дека во нашите училишта има оружје, има врсничко насилство и има насилство од наставниците кон децата. За сите овие работи, доколку ги прашате надлежните институции, ќе ви речат „ние немаме такви информации“, „во нашето училиште сѐ одлично“. Можеби недостасуваат книги, можеби нема соодветни простории, но она софтверското што се вика, го имаме и ги имаме сите можни механизми за заштита на детето, но тоа што ни се случува на терен е далеку од тоа што ни го кажуваат од соодветните институции, оценува Имери.
Кога станува збор за врсничкото насилство има и одредени парадокси на кои укажува Имери. Ако порано одвреме навреме имаше врсничко насилство меѓу деца од македонска и албанска заедница, сега тоа го нема. Но тоа е, појаснува Љуан Имери, само затоа што наместо во интеграција се отиде во создавање паралелни светови.
– Сега имаме друг проблем. Децата од разлилни етнички средини не можат да се сретнат. Ние живееме во паралелни светови. Ги поделивме сите училишта кајшто имаше деца кои имаат некаква интеракција. Во тие училишта кајшто сепак треба да бидат во заедно од икс причини, каде штпо не успеале да ги одделат, децата учат во различни смени и тој вид на насилство од овие причини е помал. Но, насилството на децата од иста возраст во иста заедница е многу сериозно, смета Љуан Имери од Институтот за социолошки, политички и правни истражувања, мировен активист и извршен директор на Центарот за човекови права и разрешување конфликти.