Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора-граѓаните избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ

 Во Црна Гора утринава во 7 часот се отворија сите 1.162 гласачки места во вториот круг од претседателските избори, а вечерва, по 20 часот, ќе слави само еден од двајцата кандидати – актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ или кандидатот на Движењето „Европа сега “ (ПЕС), Јаков Милатовиќ.

Двајцата кандидати освоија најмногу гласови во првиот круг на гласање – актуелниот шеф на државата, Мило Ѓукановиќ псвои 35,37 отсато од гласовите, додека младиот политичар од движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, гласањето пред 14 дена го заврши со поддршка од 28,92 отсто од гласовите.

Право на глас на претседателските избори имаат 542.154 граѓани.

Најмногу гласачи има во Подгорица – 143.608, а најмалку во Шавник – 1.777.

Овие претседателски избори се четврти од обновувањето на независноста и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Досега претседатели на Црна Гора беа Момир Булатовиќ, Филип Вујановиќ и Мило Ѓукановиќ.

Претседателот се избира со мандат од пет години. 

Зачлени се на нашиот е-билтен